Агим Красниќи избегал од штипскиот затвор, откако бил пуштен дома за време на викендот, но не се вратил назад, потврди за „А1он“ директорот на затворот во Штип, Мики Тодоров. Известени се полицијата и судот.
– Беше пуштен за време на викендот. Неколку години веќе го пуштаме за викенди и за годишни одмори, секогаш се враќал на отслужување на казната. Но, по овој завршен викенд, тој не се врати во затворот. Вчера телефонски ги известивме надлежните институции, а денеска и писмено – вели Тодоров.
Агим Красниќи и неговата седумчлена „кондовска“ група беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и за предизвикување неправилности на тогашните парламентарни избори, неовластено поседување оружје и злосторничко здружување. Кондовската група доби вкупно 50 години затворска казна.