Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Млад жител на неготинското село Пепелиште пријавил во полиција напад од три лица, а според пријавеното,  нападнати биле и неговите родители и бабата. За ова денеска информираа од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Синоќа околу 20 часот во ОВР Неготино, А.М.(27) од село Пепелиште, неготинско, пријавил дека во неговиот дом бил физички нападнат од М.Д.(27) од Пробиштип, М.Д.(30) и М.Д.(48), двајцата од село Пепелиште, при што бил удрен и со стаклен предмет. Според пријавеното, тој побегнал во домот на неговите родители, каде што дошле лицата и физички ги нападнале неговите родители и неговата баба, а ја оштетиле и влезната врата од куќата- соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.