Фото: МВР/ Фејсбук
Денеска околу пладне, во Секторот за внатрешни работи Штип, пријавено е дека на магистралниот пат Македонска Каменица- Делчево, во близина на село Илиово, се случила сообраќајна несреќа.
Како што информираат од МВР, сообраќајката се случила помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Х.Г., патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Б.П. и патничко возило „фиат“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од М.С.
-Во сообраќајната несреќа нема повредени лица, а патот Македонска Каменица- Делчево е затворен за сообраќај во двата правца, а возилата се пренасочуваат по околните патишта – информираат од МВР.