Фото: МВР

Полициски службеници од СВР Битола денеска го привеле З.Т.(60) од Битола, во чиј дом и помошна просторија при претрес биле пронајдени 4.080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди, информира Министерството за внатрешни работи.

МВР соопшти дека биле пронајдени уште 2.713 парчиња различни пиротехнички средства при преглед на возило „поло“ во сопственост на З.Т., синоќа во 20.30 часот на улица „Филип Втори Македонски” во Битола.

– По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава – најави МВР.