Доцна попладнево на улица„ Кузман Јосифоски-Питу“ во самото средиште на Кичево, се случи тешка сообраќајна несреќа во која по удар од автомобил смртно настрада жена во поодминати години.

Жената улицата ја преминувала на необележано место, а ударот од автомобилот бил кобен по нејзиниот живот.

На самото место излезе увидна екипа од ОВР Кичево.

Причините за тешката сообраќајка дополнително ќе бидат утврдени.

З.А.