Во Охридското Езеро се пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов, при зајакнати мерки и активности што ги спровела вчера полицијата од сливот на река Сатеска до село Радожда, струшко.
– На 29.07.2022 во периодот од 01:00 до 15:00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ преземени се зајакнати мерки и активности во водите на Охридското Езеро, од сливот на реката Сатеска до с.Радожда, струшко, при што биле пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи, со вкупна должина од 3.400 метри и улов од 667 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 66 килограми и 12 парчиња охридска пастрмка – соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат, констатиран е и прекршок по членовите 23 и 25 од Законот за внатрешна пловидба, односно управување на скутер за време на забрана, и по чл.68 – за непоседување на пловидбена дозвола и уверение за управување на пловен објект за време на контролата и против сторителот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.