Полициски службеници во содејство со претставници на Државниот пазарен инспекторат и на Управата за јавни приходи вчера и денеска во раните утрински часови извршија акциска контрола во угостителски објекти во Кавадарци. Притоа еден угостителски објект е затворен, односно запечатен.
При контролата, информираа од МВР, затекнати се 28 лица без ковид-сертификати, како и осум лица кои работеле како обезбедување без да поседуваат лиценци за оваа дејност, по што тие се приведени.
Исто така, откриени се неправилности во работењето во доменот на надлежности на ДПИ и УЈП. За сите неправилности ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.