Вчера попладне во 14.30 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го привеле 40-годишниот А.Р. од Велес, извести МВР.
– Тој на 21 октомври околу 10.30 часот во домот, испрскал со бензин и се заканувал на неговите сопруга, мајка и двете деца – соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.