Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда МЛ 4,2 и интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала, е почувствуван вечерва во 18.31 часот во Делчево, Берово и Пехчево.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресот е регистриран на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пограничното епицентрално подрачје Пехчево-Кресна.
Ова е втор земјотрес денеска што потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна. Првиот беше регистриран изутрината во 6.36 часот и беше со Рихтерова локална магнитуда МЛ 2,8 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.