Тројца македонски и еден италијански државјанин загинале синоќа во сообраќајна несреќа во Италија, јави италијанскиот медиум „Ла Воче ди Асти“.
Според известувањето, до несреќата во местото Ница Монферато дошло кога возило во кое се наоѓале тројцата македонски државјани, на возраст од околу 30 години, се судрило со автомобил со кој патувал 23-годишен Италијанец, од местото Асти во северозападна Италија.
Истрагата за причините за несреќата е во тек, а на местото на настанот увид извршиле припадници на сообраќајната полиција.
Извори од полицијата во Асти за медимиуот изјавиле дека засега немаат детали за сообраќајната несреќа, но дека „со сигурност само знаат“ оти станува збор за фронтален судир.