Фото: МИА

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени безбедносната состојба во државата за време на новогодишната ноќ како мирна и стабилна.

На територија на државата се случиле вкупно 29 кривично – правни дела и приведени се 33 лица. Случени се вкупно 28 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди.

– Генерално, од кривично-правно аспект на територија на државата се направени 29 кривични дела и приведени се 33 лица од кои 14 се поврзани со трговија со дрога на различни локации. Имало околу 28 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди, а за среќа немавме сообраќајни несреќи со најтешки последици така што генерално можам да заклучам дека имавме мирна и стабилна безбедносна состојба на теротирија на Македонија и уште еднаш да упатам огромна благодарност до сите полициски службеници кои во текот на вечерта одговорија на висина на задачата – изјави Тошковски присуствуваше на официјалното отворање на скијачкиот центар „Михајлово“.