Суицидални провокации насочени кон најмладите

Тик ток е една од најпопуларните апликации на светот. Симната е повеќе од милијарда пати и со тоа станува сѐ повлијателна за нејзините корисници. Иако првенствено е наменета за креирање и споделување кратки видеа, сѐ почесто се користи за поставување бизарни предизвици помеѓу корисниците. Предизвиците се граничат со младешко лудило: од лижење тоалетна школка како доказ дека не може да се заболи од коронавирус, до ставања хемиски средства на очи за да им се промени бојата. Последен во низата предизвици, за кои на оваа социјална интерактивна мрежа ѝ се закануваат голем број тужби, е предизвик во кој „лицето треба да се задуши со ремен сѐ додека не се онесвести“. Во овој предизвик, многумина што се обидоа починаа како последица од задушување

ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКИ ПРЕДИЗВИЦИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Како резултат на критиките дека им дозволува на малолетниците и тинејџерите да гледаат несоодветни видеа за нивната возраст, социјалната платформа Тик ток, воведе две нови опции со кои им дава на родителите два начина да го ограничат пристапот на нивните деца до содржините за возрасни. Едната од опциите овозможува забрана на одредени фрази и хаштагови, додека другата ја приспособува содржината според возраста на корисникот. Новите функции се дизајнирани да им овозможат на корисниците поголема контрола врз огромниот број видеа, притоа избегнувајќи несакани и несоодветни содржини да им бидат достапни на тинејџерите.

ОБИД ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА

Додека платформите како што се Јутјуб и Вимео имаат извесни ограничувања, на Тик ток, членовите од сите возрасти можат да гледаат видеа по автоматизиран систем.
Поради тоа, оваа социјална мрежа со години беше подложена на обвинувања и укажувања дека на младите генерации им дозволува да гледаат крајно несоодветни видеа.
– Тик ток не успева да ги заштити децата и тинејџерите од скриено рекламирање и потенцијално штетна содржина – напиша Европската асоцијација на потрошувачи во февруари во жалбата на ЕУ.
Од управата на Тик ток информираа дека во следните недели, збор или хаштаг ќе може да се стави на „црната листа“, што значи дека видеата со тие хаштагови повеќе нема да можат да се гледаат на главните услуги „За вас и следење“.
Со воведување старосна граница, Тик ток има намера да ја ограничи и класифицира содржината за помладите корисници. Социјалната мрежа вели дека ќе блокира објава за корисници под 18 години доколку утврди дека видеото содржи „комплексни теми“ или „фиктивни сцени премногу интензивни или застрашувачки за помладите корисници“.
Популарната социјална мрежа објави дека системот за блокирање ќе профункционира во следните неколку месеци. Новите корисници треба да ја внесат годината на раѓање и мора да имаат најмалку 13 години. Доколку родителите ја инсталираат апликацијата на нивниот паметен телефон, можат да ја активираат опцијата за додавање на своето дете на својот профил.

Страшен ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКИ ПРЕДИЗВИК

Тик ток е една од најпопуларните апликации на светот. Симната е повеќе од милијарда пати и со тоа станува сѐ повлијателна за нејзините корисници. Иако првенствено е наменета за креирање и споделување кратки видеа, сѐ почесто се користи за поставување бизарни предизвици помеѓу корисниците. Предизвиците се граничат со младешко лудило: од лижење тоалетна школка како доказ дека не може да се заболи од коронавирус, до ставања хемиски средства на очи за да им се промени бојата. Последен во низата предизвици, за кои на оваа социјална интерактивна мрежа ѝ се закануваат голем број тужби, е предизвик во кој „лицето треба да се задуши со ремен сѐ додека не се онесвести“. Во овој предизвик, многумина што се обидоа починаа како последица на задушување.
Сега, голем број родители подготвија тужби, бидејќи нивните деца гледале видеа од други корисници со ваква содржина.
Конкретно, предизвикот ги поттикнува корисниците да се задават со ремен, врвки за ранец или нешто слично сѐ додека не се онесвестат.
Во една од тужбите против оваа социјална мрежа, седум деца под 15-годишна возраст починале обидувајќи се да го направат предизвикот.
Некои од родителите чии деца починале како последица на овој предизвик, во тужбените барања истакнале дека нивните деца воопшто не ги барале овие видеа, туку дека самите им се појавиле во делот на апликацијата каде што стојат препораки „За тебе.“
– Овој вознемирувачки предизвик, за кој луѓето се чини дека дознаваат од други извори, освен Тик ток, одамна стои пред нашата платформа и никогаш не бил тренд на неа. Остануваме посветени на безбедноста на корисниците и веднаш ќе ја отстраниме таквата содржина доколку ја најдеме. Наше најдлабоко сочувство им изразуваме на семејствата на децата за нивната трагична загуба – рече портпаролката на „Тик ток“, Махсау Дае Кулинане.

САМОУБИСТВА, САЈБЕР-БУЛИНГ….

Каде и да одат децата, таму одат и педофилите и предаторите. Тоа е тажната и застрашувачка вистина за онлајн светот во кој живееме.
Тик ток е една од социјалните мрежи на која врие од предатори. Со тоа што самата апликација дава можност еден корисник да контактира со кој било друг од целиот свет, секогаш постои можност детето да контактира со кого било.
Со тоа што оваа апликација го поттикнува личното настапување, а многумина од нејзините корисници се возбудени да покажат што знаат, мрежата е идеална за предаторите да оставаат разни коментари и комплименти, за да направат нивните потенцијални жртви да се чувствуваат поласкано.
Голем и сериозен проблем е тоа што оваа апликација им големо влијание и врз менталното здравје на корисниците, каде што се евидентирани голем број навреди, малтретирања и исмејувања, поради што голем број тинејџери си ги одзедоа животите. Многумина од нив дури добиваа поддршка да се самоубијат.
Според едно истражување направено од „Секурити.орг“, од сите социјални мрежи, децата имаат најголема шанса на Тик ток, односно дури 79 проценти од нив, да бидат жртви на сајбер-булинг.
Од тие причини, голем број психолози им препорачуваат на родителите да разговараат отворено со своите деца за опасностите што ги носи оваа и другите социјални мрежи.

[email protected]