Фото: Пиксабеј

Српската полиција уапси во Краљево маж (44) од Македонија под сомнение дека ограбил обложувачници и пошта, соопшти денеска локалната полициска управа.

Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека влегол во обложувачници и пошти на територијата на Краљево со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари.

Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и реплика од пиштолот за кој се сомнева дека го користел при извршувањето на кривичното дело.

Тој е обвинет за пет кривични дела разбојништво. На осомничениот ми е одредено задржување до 48 часа и со кривична пријава ќе биде приведен во ОЈО во Краљево.