Прилепското Основно јавно обвинителство започна истражна постапка против А.М.
(26) од село Селце, Прилепско, по поднесената кривична пријава од полицијата заради тоа што му нанел смртни повреди на неговиот татко М.М (52) кој починал од повредите.
Од ОЈО Прилеп велат дека на А.М. ќе му биде определен притвор, по што ќе тече
истражната постапка.

Според информациите, полициски службеници од ОВР Прилеп вчера околу 22
часот на улица „Димо Наредникот“ во Прилеп, го привеле А.М.(26) од село Селце, Прилепско, кој бил пријавен дека околу 20 часот во семејниот дом во Селце, по
претходна расправија, со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко М.М. кој
подоцна починал.

Денеска е извршена обдукција врз телото на починатиот.

Осомничениот во моментот на приведувањето бил под дејство на алкохол, а во
претходниот период имале нарушени семејни односи. Ка.М.