На чело на „Фокстрот“ е Рава Маџид, познат како Курдската Лисица, кој од 2018 година е најбараниот (Швеѓанец) на листата на барани лица на „Интерпол“. Таа година, шведските власти му дозволија да ја напушти земјата и покрај тоа што беше под надзор и условно ослободување поради ослободување од сторени кривични дела – „насилство“. Оттогаш тој престојува во Турција, каде што успеа да купи државјанство во замена за инвестиции во 2020 година преку програмата „Турска златна виза“
Најпогодно тло за беспоштедната војна на скандинавските криминални организации е – Балканот
Војната меѓу скандинавските криминални организации, вклучувајќи и внатреклановски криминални пресметки, се пресели на Балканот. По убиството на Харис Остердал (30), неодамна во Сараево е уапсен Х.О.П. (26), исто така шведски државјанин. Полицијата на БиХ има сознанија дека Остердал бил ликвидиран затоа што решил да сведочи против еден од водачите на наркокартелот во Шведска. Поради ова предавство, тој стана цел, а ликвидацијата покажа дека долги се пипалата на мафијата доколку одлучи да ликвидира некого.
ПРЕСМЕТКИ И ВО ИСТАНБУЛ
Сараевските медиуми пишуваат дека убиениот Остердал е познат по голем број злосторства во Шведска, а некои извори наведуваат дека тој е водач на наркомрежа.
На неговата ликвидација во сараевската населба Ступ, во рамките на станбениот комплекс Булевар, ѝ претходеа низа насилства и оружени пресметки во Шведска, но и во Турција.
Според медиумите, уапсениот Х.О.П се обидел да го ликвидира Остердал пред неколку месеци во Истанбул. Иако кон потенцијалната жртва било пукано, не успеале да го убијат.
– Тој веќе неколку години е добро позната личност во светот на стокхолмските банди – пишуваат шведските новинари, кои го поврзаа ова со голем конфликт во рамките на криминалната мрежа „Фокстрот“, пренесуваат регионалните медиуми.
Во истанбулскиот кварт Маслак, на 6 септември, две непознати вооружени лица на мотоцикли отворија оган врз група луѓе што седеа во кафуле, а тие возвратија со оган. Напаѓачите успеале да побегнат. Станува збор за напад на тимот на Рав Маџид, познат криминалец во Шведска и водач на бандата „Фокстрот“.
По пукањето, уапсени се напаѓачите К.К. (47) и шведските државјани Рикардо Ихо Маркус (23), Мевлудин Мехоњиќ (31), Елвир Мутиќ (22) и Салах ел Зубеидија (24) од Норчепинг, како и Остердал. Тие биле ослободени во средината на октомври и се упатиле кон Сараево, укажуваат шведските медиуми.
Само неколку дена подоцна, во Упсала беше убиена мајката на Исмаил Абдо, водачот на отцепената банда „Фокстрот“. За време на војната со бандите, во Норчепинг беше застрелана и мајката на Мутиќ. Во бранот насилство, престрелки и обиди за убиства што ја потресуваат Шведска од септември годинава загинаа шест лица. Се верува дека повеќето од овие престрелки се поврзани со конфликтот во мрежата „Фокстрот“.
КРВАВИТЕ РАЦЕ НА КУРДСКАТА ЛИСИЦА
Безбедносните служби толкуваат дека зад сè стои конфликтот меѓу Рав Маџид (37), чиј прекар е Курдската Лисица, и Исмаил Абдо, кого медиумите го нарекуваат Јагода. Овие прекари доаѓаат од псевдонимите што двајцата ги користат во различни шифрирани пораки.
Разузнавачките и полициските власти во Босна и Херцеговина сега истражуваат што правеле шведските државјани во Сараево, дали имале контакти со некои граѓани на Босна и Херцеговина и домашни криминални групи, пишуваат медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата.
Дополнително, пред неколку дена, во Белград беше уапсен шведскиот државјанин В.М. (37), кој е и влијателен член на злогласната група „Фокстрот“. Во рамките на оваа мафијашка организација тој беше главната алка во синџирот на дрога, но и во набавката на оружје. Неговата задача била да ги поврзе организаторите на транспортот на кокаин во Србија и Црна Гора со дилери од Скандинавија, односно со членови на неговиот клан, кои дополнително дистрибуирале наркотици. Според една верзија, тој се повлекол во Белград за да живее без многу врева во еден стан, за да избегне војна во неговиот тим и да си го спаси животот.
На чело на „Фокстрот“ е Рава Маџид, познат како Курдската Лисица, кој од 2018 година е најбараниот Швеѓанец на листата на барани лица на „Интерпол“. Таа година, шведските власти му дозволија да ја напушти земјата и покрај тоа што беше под надзор и условно ослободување поради ослободување од крвав бран насилство. Оттогаш тој престојува во Турција, каде што успеа да купи државјанство во замена за инвестиции во 2020 година преку програмата „Турска златна виза“.
Според последните податоци, тој се движи во области во близината на границата со Иран. Очигледно, последен пат бил лоциран таму на почетокот на октомври. Дури имаше вести дека е уапсен во Иран, но таа вест не е потврдена.
Неговата група е позната по својата бруталност. Тие ги убија своите ривали во оружени конфронтации, а некои беа убиени со поставување експлозивни направи. Речиси секогаш користи малолетници како убијци и сторители на тешки кривични дела.