Фото: МИА

Во пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје утрово животот го загуби Г.Б. (76).

Како што соопштија од МВР, околу 6.40 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во општина Аеродром.

– Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а во станот е пронајден починат Г.Б. (76). Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во соопштението.

Претходно, од ЦУК информираа дека екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со шест ПП возила.