Екипи на МВР и противпожарните единици трагаат по маж што се фрлил во водите на реката Вардар, од мостот „Близнак“ на булевар „Србија“ во Скопје, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Случајот бил пријавен во 6 часот утринава на телефонскиот број 112.
На лице место се излезени екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, како и екипи на МВР, и тие преку Центарот за управување со кризи побараа подршка и ангажирање на спецализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.