СВР-Битола доцна вечерва соопшти дека малолетникот кој беше пријавен за исчезнат, е пронајден.
СВР Битола почна акција за пронаоѓање на 15-годишниот малолетник А.И. кој, како што пријавила неговата мајка А.И. (33 г.), се оддалечил од својот дом. Исчезнувањето е пријавено синоќа во 22:10 часот.
– По преземените акции, исчезнатото дете е пронајдено и вратено кај родителите – потврдија од СВР-Битола.