На граничниот премин Ќафасан, денеска околу 8.20 часот при влез во Македонија, приведен е А.Д. (21) од Скопје.
Како што информираа од МВР, тој бил баран со потерница поради сомнение за насилство врз навивачи на фудбалскиот клуб Левски од Софија, извршено на улица „Цветан Димов” во Скопје на 27 јули.
Македонската полиција приведе 21 лице, од кои 19 бугарски навивачи, за нарушување на јавниот ред и мир, а еден навивач на Левски беше прободен со нож во инцидент во Чаир, во пресрет на мечот помеѓу Шкупи и Левски во Скопје, во рамки на второто коло од квалификациите за Конференциската лига.
По целосно документирање на случајот до ОЈО Скопје ќе биде поднесен соодветен поднесок.