Фото: Пиксабеј/илустрација

Полициски службеници од ОВР Делчево, во координација со Регионалниот центар за гранични работи Исток, вчера вечерта привеле 48-годишен жител на Делчево, кај кого биле пронајдени дрога и огревно дрво без соодветна документација, пренесе МИА.

Како што информира Министерство за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле откриени повеќе пакувања со бела грутчеста материја, марихуана, кафеава материја, 34 таблети, како и ловечки патрони.

Дополнително, во дворот и на мотокултиватор со приколка било пронајдено нежигосано огревно дрво. Возилото и дрвата се одземени од Шумската полиција за понатамошна постапка.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.