Претрес бил извршен во дом на млад кавадарчанец, при што одземени биле предмети под сомнеж дека се од кражби, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Денеска, полициски службеници од ОВР – Кавадарци извршиле службен разговор со Б.Б., на возраст од 29 години од овој град. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела „кражба“. Одземеното ќе биде вратено на сопствениците – соопштија од СВР – Велес.
Оттаму додадоа дека известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биле поднесени соодветни поднесоци.


































