Фото: Пиксабеј

Едно лице е повредено во престрелка што се случи вечерва на крстосницата на улиците „Џон Кенеди” и „Цветан Димов”, во близина на супермаркетот „Веро“ во Чаир.

МВР за ТВ21 го потврдиле инцидентот.

– На 05.10.2024 во 20.20 часот пријавено е дека на ул. Цветан Димов во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило “пасат”. Повредениот е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР за ТВ21.

На местото на инцидентот се присутни бројни полициски екипи.