Фото: МИА

Пожар избувна вечерва во галијата на Вардар кај хотел „Холидеј ин“, во центарот на Скопје. Во тек е интервенција на противпожарните служби за негово гаснење.

– Пожарот се гасне со едно возило и пет пожарникари и нема опасност за негово проширување – изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Бригата за прпотивпожарна заштита на град Скопје.