Фото: МИА/илустрација

Поради пожар на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект исклучена е струјата за корисниците на Аеродром и Лисиче, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Во моментот интервенираат 13 пожарникари со пет противпожарни возила. Исклучени се далекуводите за Аеродром и Лисиче заради пожарот – се наведува во соопштението.

-Од безбедносни причини исклучени се неколку далноводи поради што без напојување со електрична енергија останаа делови од населбите (или цели населби) Аеродром, Лисиче, Методија Андонов Ченто, индустриската зона, Кванташки пазар, Арачиново, Стајковци, Трубарево и Бунарџик. Поради обемот на пожарот и опасноста да се прошири надвор од депонијата како помош на БППЗ Скопје се испратени еден БТР, еден хермелин и еден тим на ДЗС. Далноводите ќе бидат пуштени по санирањето на пожарот. Постојат сомневања дека се работи за намерно предизвикано палење на депонијата Вардариште – вели Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.