Полициски службеници од СВР Куманово по преземени мерки и активности денеска во селото Сув Орах во општина Старо Нагоричане го пронајдоа Ц.Д. (60) од Куманово. Од МВР соопштија дека лицето е во добра здравствена состојба.
За него вчера во 20 часот неговата сопруга М.Д. пријавила дека се оддалечил од домот, а дека станува збор за лице со здравствени проблеми.