Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на Прилеп, од 21 до 4 часот во текот на изминатата ноќ, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата, велат од МВР, санкционирани се 31 возач, од кои девет возеле без возачка дозвола, а четворица возеле под дејство на алкохол. Воедно исклучени се 13 возачи и две возила од сообраќај.
Засилените акциски контроли додаваат од МВР продолжуваат. При тоа се апелира до граѓаните да се почитуваме сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта. Ка.М.