Основното јавно обвинителство од Струга поднесе обвинителен предлог против 57-годишниот професор од Струга, за стореното кривично дело – насилство, казниво од Кривичниот законик.
Обвинетиот на 23.12.2021 година околу 13:30 часот, со боксирач удрил ученик на возраст од 18 години.
Физичкиот напад следел по претходно влошени меѓусебни односи и вербална расправија.
Притоа, обвинетиот замавнал со десната рака на која претходно го имал ставено железниот боксирач и го удрил оштетениот ученик во пределот на главата. Со преземените дејствија обвинетиот нанел телесни повреди кај оштетениот, извршил грубо насилство и во јавноста предизвикал чувство на несигурност.
Обвинителството до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.