Земјотрес со интензитет од два степена според Рихтеровата скала и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, е почувствуван утрово во Скопје и околината.
Како што соопшти Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, епицентарот на потресот припаѓа на Скопското епицентрално подрачје.