Во напуштена куќа во близина на Адвокатската улица во центарот на Скопје, утринава пронајдено е починато лице со видливи повреди.
Како што соопшти МВР, случајот е пријавен утринава во 7.45 часот.
На терен излегле полициски службеници, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Известен бил јавен обвинител по чија наредба телото ќе биде предадено за обдукција, а се работи на расчистување на случајот.