Во СВР Тетово вчера било пријавено дека во Клиничка болница Тетово – Ургентен центар бил донесен починат А.А. (53) од тетовско Џепчиште, кој работел во Непроштено.
МВР денеска соопшти дека според пријавеното, лицето паднало и се повредило додека извршувало работни задачи во тетовско Непроштено, по што им подлегнало на повредите.
На лице место увид извршила увидна екипа при СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.