Во Клиничкиот центар во Скопје почина 23-годишна девојка од тетовско Сараќино која беше тешко повредена како пешак во понеделникот во Тетово.

Таа беше тешко повредена кога во неа удри возило управувано од 49-годишен жител на Голема Речица, а поради сериозноста на повредите беше однесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Несреќата се случи на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.

– Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П.(49) од тетовска Голема Речица удрило во 23-годишната Т.Р.(пешак) од тетовско Сараќино. Во несреќата Т.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била пренесена за укажување на лекарска помош – информираше СВР Тетово.


Повредени четворица малолетници кои со возило удриле во канделабар кај комплексот клиники

Во 4.20 часот утринава било пријавено дека на крстосницата од бул. Мајка Тереза со ул. Тодор Александров и ул. Белградска патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабар и бетонска жардиниера.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници, од кои еден од Струмица, двајца од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.