Вечерва се оддржа осумнаесетти „Марш на ангелите“ во Кочани. Маршот се одвиваше по истата маршута како и досега. Родителите и поддржувачите на семејствата чии роднини ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“, се движеа од Паркот на Револуцијата, општината, полицијата и судот.
На маршот беше истакнато дека правда мора да има.
Во изминатиот период, секоја сабота се организира марш на кој граѓаните и семејствата на жртвите со свеќи, фотографии од починатите и пораки за правда ја искажуваа својата болка за трагедијата.
Денес се навршуваат пет месеци од трагедијата во која животот го загубија 62 лица.