Делови од човечки скелет се најдени на брегот на Мавровско Езеро во населбата Маврови анови во близина на некогашниот угостителски објект „Бел коњ”. По извршениот увид ќе се врши вештачење за да се утврдат поединости поврзани со случајот.
Според СВР Тетово, вчера на 2.4.2023 во Полициското одделение Маврово било пријавено дека кај место викано „Бела вода” во Мавровско Езеро биле пронајдени остатоци од човечки скелет.
Остатоците, биле подигнати за вештачење. Увид бил извршен во координација со Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.