На паркингот пред затворот „Идризово“ ноќеска горело возило на еден од вработените.
– На 16 јуни во 1.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на затворот „Идризово“, на паркингот позади управната зграда, било опожарено возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на вработен во затворот. Пожарот бил локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита и од сопственикот, кој при гаснење на пожарот се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопштија од Министерството за внатрешни работи.