Силно невреме попладнево го зафати Охрид, кое, како што пренесуваат локалните медиуми, предизвикало повеќе материјални штети.
За време на невремето, силниот ветер откорнал и покрив од станбена зграда, поради што биле оштетени повеќе куќи и автомобили.
Поради дождот биле поплавени и повеќе фреквентни улици во градот, а засега нема информации за повредени лица.