Би сакале да ја информираме јавноста дека денеска во утринските часови се случи несреќа во производствениот погон на „Макстил“ каде животот го загуби наш вработен, информираат од компанијата.
-Веднаш беа алармирани сите надлежни служби кои направија записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата. „Макстил“ ги отстапува сите свои човечки и материјални ресурси, за помош во истрагата за откривање на причините за оваа несреќа. Нашите мисли и целосна поддршка се со семејството на нашиот колега – велат од компанијата.