Фото: Архива

Ноќеска, четириесетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Гостивар – Тетово, на наплатната станица Гостивар, патничко моторно возило „сеат ибица“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Е. З. од гостиварско Чегране, излетало од коловоз и удрило во бетонски столб, извести СВР Тетово.

-Во несреќата Е.З. добил тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош, а на пат за комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје им подлегнал на повредите – соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи извршиле комплетен увид. По наредба на јавниот обвинител, ќе се врши обдукција.