Во врска со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, министерот за здравство Беким Сали согласно Законот за здравствена заштита и Законот за санитарна и здравствена инспекција иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на младиот ракометар, соопшти Министерството за здравство.
По повод смртта на прерано починатиот хрватски ракометар, од Министерството за здравство изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и неговите најблиски.