Меѓу лицата кои со возило со косовски регистарски таблички при вчерашната сообраќајна несреќа паднаа во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце има еден малолетник, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Според пријавеното, покрај возачот имало и тројца сопатници М.П.(48), Ш.П.(21) и 16-годишен малолетник. По несреќата сопатникот Ш.П. е изваден од реката и пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а по останатите три лица се трага од страна на екипи од Одделот за специјални полициски операции – стои во соопштението од МВР.
Станува збор за лицата кои исчезнаа при вчерашната сообраќајна несреќа, кога возило со косовски регистарски таблички падна во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце.
По наредба на јавен обвинител возачот на другото возило е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување.