Дојавувачите стануваат веќе и дрски, оти не можеме да ги откриеме, па така имавме дојава за бомба и во претседателската резиденција, која е навистина обезбедувана. Тие едноставно сакаат ширење на тие гласини, а тие гласини веќе длабоко продираат во нашата свест, вели професор Злате Димовски, од Факултетот за безбедност во интервју за Радио Слободна Европа.
– Навистина ова е голем проблем, за жал, ние сѐ уште го немаме изнајдено соодветниот модалитет и затоа сѐ уште имаме дојави. Затоа што не сме го нашле модалитетот, интензитетот на дојавите за бомби расте. Тие се охрабрени дека не можеме да ги откриеме, не можеме да ги попречиме крајно, што и да ги откриеме, нам ни е да можеме нормално да си живееме, да ги немаме тие дојави за бомби и едноставно што не можеме да ги откриеме, тие продолжуваат со несмален интензитет – вели Димовски.