Куклите за возрасни со големина на дете, според Центарот за исчезнати и експлоатирани деца, се легални за купување и употреба во повеќето земји низ светот, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Канада, Јапонија, Кореја и повеќето земји од Европската Унија. Од друга страна, тие се строго контролирани или забранети во помал број земји – блискоисточни, муслимански и азиски земји
Кои се новите „секси играчки“ што ги ужасија и психолозите и криминалистите
На светскиот пазар се појави нова „трендовска“ кукла, која има изглед, тежина и анатомија на вистинско дете. Ваквите информации, можеби, не би биле вредни за особено внимание од јавноста доколку споменатите кукли по својот изглед не личат на веќе постојни „секси играчки“, кои според криминалистите и психолозите со кои се консултиравме се „идеални за болните страсти на педофилите“. Тие се едноставно ужасени од појавата на вакви „помагала“, кои излегуваат од рамките на нормалните и дозволените човекови поведенија, пишува белградска Политика.
СЕ НАРАЧУВААТ ИЛЕГАЛНО
И додека еден дел од јавноста смета дека таквите кукли треба целосно да се забранат, други (во најголем број случаи тоа се разни меѓународни невладини организации што себеси се нарекуваат хуманитарни) сметаат дека тие треба да се вклучат во списокот на лекови и да се пропишуваат со рецепт за да може да се влијае на нагонот на луѓето што се сексуално привлечени од деца.
Центарот за исчезнати и малтретирани деца неодамна презентираше шокантни податоци за „секси кукли“ и поврзаноста на нивните сопственици со извршувањето кривични дела против сексуалната слобода, повикувајќи се на неколку релевантни извори.
– Шест од седумте мажи што минатата година беа обвинети за увоз на секси кукли во вид на деца поседувале и нелегална содржина во форма на фотографии или видеа. Критичарите на овие кукли тврдат дека тие можат да бидат опасен начин за манифестирање фантазии, како што е сексуалната злоупотреба на деца – велат од Центарот за исчезнати и злоупотребени деца.
Според британската национална агенција за криминал (НСА), куклите најмногу се увезуваат од Хонгконг и од Кина, но не легално, туку преку различни курирски услуги, тајно и скришно. На тој начин можат да пристигнат до сечија врата. Зголемувањето на заплената на таквата стока им овозможи на истражителите да откријат и идентификуваат десетици педофили.
– Поголемиот дел од јавноста се залага за целосна забрана за производството и дистрибуцијата на таквите кукли, како и за строги казни за оние што ги поседуваат. Повеќето веруваат дека споменатите кукли промовираат сексуализација на децата и веруваат дека може да ги поттикнат луѓето што ги поседуваат да злоупотребуваат и „вистински“ деца. Тие исто така сметаат дека поседувањето, стекнувањето и користењето такви кукли треба да се третира како и другите форми на насилство, злоупотреба и злоупотреба на деца, кои го загрозуваат или нарушуваат физичкиот, психолошкиот и моралниот интегритет на личноста на детето – наведуваат од Центарот за исчезнати и малтретирани деца.
НЕКАДЕ ЗАБРАНЕТИ, НЕКАДЕ ЛЕГАЛНИ
Наспроти оние што се за забрана на производство, поседување и дистрибуција на ваквите кукли, има и такви, кои се во помал број, што наведуваат дека ваквите „играчки“ може да се користат за терапевтски цели, односно за лекување на нагоните кај педофилите. Застапниците на оваа теза наведуваат дека во регулирана и контролирана средина ваквите кукли потенцијално би можеле да ги одвратат индивидуалните педофили од извршување злосторства против сексуалната слобода. Сепак, тие наведуваат дека куклите не треба да бидат достапни за пошироката јавност.
Куклите за возрасни со големина на дете, според Центарот за исчезнати и експлоатирани деца, се легални за купување и употреба во повеќето земји низ светот, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Канада, Јапонија, Кореја и повеќето земји од Европската Унија. Од друга страна, тие се строго контролирани или забранети во помал број земји – блискоисточни, муслимански и азиски земји.
На глобално ниво не постои универзален договор меѓу земјите за законитоста или незаконитоста на куклите. Законите и прописите за овие кукли се разликуваат од земја до земја, што значи дека секоја земја одлучува за нивниот статус и регулатива според сопственото законодавство и морални вредности. Д.Т.З.