Бизнисменот Орце Камчев, кој е обвинет во случајот „Плацеви на Водно”, со дозовола од Основниот кривичен суд Скопје, вчера од затворот во Шутка е префрлен на прегледи за утврдување на неговата здравствена состојба.
Камчев во средата се пожалил на здравствени проблеми, а неговата здравствена состојба била оценета како влошена. Тој во болница бил задржан на дополнителни медицински анализи.
Камчев досега неколкупати одеше на прегледи поради влошување на неговото здравје.