Илустрација / Фото: ЦУК

Синоќа во 23:30 часот изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле, соопштија од ТППЕ Струмица.

Според информацијата од пожарникарите, во гасењето на запалениот автомобил учествувале едно противпожарно возило и пет пожарникари, кои кога пристигнале на местото на пожарот веќе бил во разгорена фаза.

Во информацијата се додава дека пожарот за кратко време бил локализиран и изгаснат, а причинета е голема материјална штета.