Фото: Архива/Илустрација

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека било вклучено во дејства на кривичното дело грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, на 3 март, заедно со уште две други лица, против кои веќе се води истрага, учествувале во дејства на грабнување едно лице во Кисела Вода. Се преземаат дејства за лишување од слобода на осомничениот – велат од Обвинителството.

26-годишниот Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, беше грабнат во март годинава. Исчезнувањето го пријави брат му. Потоа беа земени снимки од безбедносни камери, информации од очевидци, а беа сослушани и лица од кои беше можно да се добијат повеќе информации.

Во пукање пред неколку дена беше повреден татко му Љупчо Костадиновски.

Пукањето се случило кога таткото на Самоил се движел кон семејната куќа во Лисиче, а напаѓачот пукал од мотор во движење. Костадиновски доби две повреди.