Искршена е новата плоча со имињата на осумте припадници на безбедносните сили, кои загинаа во маскарот кај Вејце. Плочата беше поставена од страна на политичката партија Левица на 28 април. Цвеќињата и свеќниците се уништени, како што може да се забележи на фотографијата објавена од опозициската партија.
– Во 21 век кога светската цивилизација претендира да се колонизора на Марс, Албанците од Tетово преку вандализам и рушење на сé што е македонско се враќаат во камено доба. Имено, осквернавени се поставените плочи во чест на масакрираните бранители во Вејце од 2001 година, кои ги поставија лидерите на Левица, Апасиев и Крмов, но и другите присутни. Секоја година сликата е иста, а државниот врв е нем и глув на уринирањето врз историјата и државноста од страна на албанското малцинство кое дивее врз државата која ги храни и вдомила. Сите функционери целите кон Европа и Запад, а самите знаете дека со ваков „соживот“ не се оди никаде. Се сликате по медиуми и со претставници на европската заедница, а општеството ви е труло. Вечна им слава на македонските бранители, гробот вечно ќе им се знае, бидејќи не можете толку да искршите колку што ние може да поставиме – велат од Левица.
На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).