Четири гранати биле забележани во водите на Охридското Езеро кај Пештани, што било пријавено во СВР Охрид во вторникот.
Како што информираат од МВР, од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано било дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри, по што истите биле безбедно подигнати за натамошна постапка.