Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека денеска физички бил нападнат градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими.
– Во 9.46 часот во СВР Скопје, градоначалникот на општина Арачиново пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираа за МИА од МВР.