Фото: Пекселс

Физичка пресметка имало изминатава ноќ меѓу две групи во Неготино, откако девојка пријавила дека била физички нападната во угостителски објект. За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи Велес, пренесува МИА.

– На 21/22.09.2025 во времето од 20:10 до 00:10 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода В.Д.(22), Д.Т.(21), Љ.Т.(43), А.М.(25) и Б.П.(22), сите од Неготино. Претходно И.Б.(25) од село Криволак, неготинско, пријавила дека во угостителски објект во Неготино, Д.Т. физички ја нападнал, по што настанала физичка пресметка помеѓу две групи – појаснуваат од СВР Велес, пренесува МИА.

Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и се преземале мерки за расчистување на настанот.