Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска околу 17 часот и 20 минути, на улица „Светозар Пеповски” во Гостивар, со наредба од Основно јавно обвинителство Скопје, го лишиле од слобода 38-годишниот гостивaрец Е.М.
Тој од претходно е осомничен за вмешаност во случајот од 15 декември минатата година, кога на наплатната станица Глумово беше фатено товарно моторно возило со 100 килограми марихуана.
Од СВР Тетово информираат дека Е.М. извесно време бил во бегство, надвор од нашата земја. Попладнево ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје” во Скопје за издржување на определениот 30-дневен притвор.