Едно лице загина денеска во несреќа што се случила околу 11 часот на влез во железничка станица Миравци-Гевгелија, откако воз удрил во автомобил.
Како што информираа од СВР Струмица, товарниот воз кој сообраќал од Трубарево кон Гевгелија удрил во автомобил „опел вектра“ со гевгелиски регистарски таблички управувано од Р.И. (76) од валандовското село Удово.
Тој починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Во моментот полицијата врши увид, а железничкиот сообраќај на оваа делница е во прекин.